„Македонски Пошти“ во соработка со Здружението на Историчари Албанци на Македонија, денес ги претставија двете поштенски марки со познатите личности од албанската историја, Хафиз Али Улќинаку и Реџеп Митровица, соопшти „Алсат-М“. Директорот на „Македонски Пошти“ и вицепремиерот Џафери изјавија дека оваа промоција ја доближува Македонија до мулти- етничка и мулти- верска држава.
-„Македонски Пошти“ ќе продолжат да функционираат во рамките на своето дејство, да придонесат колку што е можно, во насока на одбележување на важните историски датуми во нашата земја и култура. Промовирањето на поштенските марки со историски и културен карактер има цел нашата земја да ја претстави како етничка и конфесионална земја каде значајни места земаат културите и наследството на сите етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Рафиз Халити – директор на „Македонски Пошти“.
-Нашата земја е мулти- културна, мулти- јазична и треба да ги афирмира историите на сите народи кои живеат тука. Сакам во иднина, „Македонски Пошти“ во Македонија да промовираат слични фигури со цел да се афирмираат пред населението особено новите поколенија нивниот труд и придонес“, изјави Муса Џафери – вицепремиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.