| четврток, 6 декември 2018 |

Џеко испиша историја: Босанецот има постигнато по 50 погодоци во три од „Топ 5“ првенствата во Европа

Италијанското првенство доби нов лидер откако вчера Рома се радуваше среде Неапол и им застана на патот на фудбалерите на Маурицио Сари. Двата гола на Един Џеко, босанскиот голгетер, и донесоа голема победа на „римската волчица“ и му помогнаа на Јувентус повторно да има можност да се искачи на врвот на Серија А.

Со двата погодоци вчера, Босанецот испиша историја и направи нешто што пред него никому не му успеало. Тој успеа да постигне 50 или повеќе гола во три различни првенства кои се дел од ТОП 5 во Европа.

Започна со Волфсбург, каде на 111 меча постигна 65 погодоци, а продолжи во Англија, односно во дресот на Манчестер Сити во кој ја заокружи бројката од 50 гола во 130 настапи.

Севкупниот учинок во кариерата му гласи 231 гол на 493 настапи, надополнет со 52 репрезентативни реализации за Босна и Херцеговинa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top