| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на клубот откри: Астори требало утре да потпише договор до крајот на кариерата со Фиорентина

Смртта на Давиде Астори ја потресе светската фудбалска јавност и предизвика многу емотивни реакции меѓу колегите на фудбалерот на Фиорентина кој почина ненадејно само две недели откако стана татко.

Астори беше омилен фудбалер на навивачите на „виолетовите“ и носител на капитенската лента, а дополнителна болка за семејството на Фиорентина предизвика и изјавата на клупскиот сопственик Андреа Дела Вале кој им соопштил на новинарите дека Астори утре требало да потпише нов договор со клубот.

– Тешко е да се стои овде, ова е неверојатна трагедија. Кога само ќе помислам само на неговото семејство и пријатели, а утре требаше да потпише нов договор. Тоа требаше да се случи во четвртокот, но го одложивме потпишувањето поради лошите временски услови. Се уште сум во шок, тој беше заштитен знак на екипата, горд сум што го познавав и очекувам градот да се грижи за неговото семејство, вели првиот човек на Фиорентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top