Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова денеска се обрати на настанот во организација Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Опера и Балет.
– Моите чекори денес се насочени подеднакво кон вас, кои што сте присутни во салава, но и кон сите други членки на Унијата на Жени што денес не се со нас, но најважно и кон сите жени на Република Македонија. И кон жените кои што сеуште трпат неправди и понижување, а чиј глас сите ние мора да бидеме. Има мигови кои не можеме, но мораме да ги издржиме. Има судбини кои не можеме да ги измениме, но мора да ги прифатиме вистините кои сега не болат, а мора да ги живееме. Затоа почитувани мои членки на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ сакам од срце да упатам благодарност до секоја од вас, која во моментов е доследна на себе и на Организацијата, на секоја од вас која храбро го издржува секој удар на денешницата и сакам да ја поздравам Жаклина Пешевска која денес е со сите нас. Особено ми е драго што таа денес е со нас тука и што продолжи да оди и да чекори по патот кој што го имаме зацртано. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина. Верувам во правосудниот систем и верувам дека Жаклина ќе го докаже тоа за кое што има докази и факти, рече Рангелова.
Таа рече дека сака сите да знаат дека во овие моменти не се сами.
– Сите ние заедно сме столбот, бедем што не може никој да го сруши, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација на силни жени. Не постои ништо лошо во тоа да се биде силна жена. И на светот и на Република Македониј им се потребни силни жени. Постојат многу горди и силни жени кои ние не ги знаеме и не ги гледаме, а се прекрасно мајчински настроени. Тие одлучиле да останат невидливи, вели Џинџерс Роџерс. Огромна почит кон нив. Но јас овде во салава пред мене гледам независни, самоуверени и успешни жени, кои го слушаат своето срце и својот ум. Тоа ме прави особено горда што ве имам вас покрај себе, жени, докторки, професорки, шивачки, жени политичарки, грижливи домаќинки, столб во семејството и движечка сила во општетсвото. Но секоја од вас е приказна сама за себе, искрена, јасна и трајна. Денов Ви го посветувам Вам, драги мои пријателки, соработнички, членки, кои несебично работевте и ќе работите за интересите на секоја од нас, ќе работите за интересите на државата. Среќна сум што сум дел од вас и што заедно го носиме исконскиот рефлекс како жени, мајки, заштитнички. Унијата на жени ќе биде двигател и инспирација за промени бидејќи знаете, убавината на жената не е во нејзиното лице, туку убавината на една жена е рефлектирана во нејзината душа. Таа е грижата која што таа ја дава и која што ја покажува. Убавината на жената велат расте со текот на годините, „Одри Херберт“. Не случајно жената е вечна инспирација на сите уметници. Така е поради тоа што жената е нешто најубаво и највозвишено. Алхемичарот создал волшебство со кое царува во светот а најголемото волшебство што го носи таа е што носи живот и што носи радост. Не постои уметник, поет во чии мисли не се нашол поимот „жена“. Жан Батист Поклен Молиер во едно од своите дела величејќи ја жената вели: „Жената е единственото суштество што може да плаче и да се смее за една иста работа а честопати и во исто време, рече Рангелова.
Таа порача жените да не молчат веќе како полицајката Јасмина, бидејќи денес е Јасмина, утре таа, а задутре сите.
– Ги охрабрувам и невладините организации погласно да зборуваат за ова. Да кажеме не за насилството врз жените! Да иницираме законски решенија за еднакви месечни приходи и плати подеднакво и за мажите и за жените. Да ја извадиме македонската рурална жена од маргинализираната положба. Да иницираме законски решенија, да се зголеми економската поддршка за жените од неразвиените подрачја.
Да ни помогнете претседателе, кога ќе бидете во можност, да се зајакне економското женско претприемништво. Да се залагаме сите ние заедно да го подобриме статусот на жената во македонското општество. Да не дозволиме веќе ни едно девојче да биде жртва на насилство, како што се случи во домот за деца без родители “25-ти мај“. Еднаш во оваа држава некој да понесе одговорност, ама вистинска одговорност. И, да се залагаме да ги унапредиме правата на бремените жени, на жените на повеќедетни семејства, и да ги заштитиме на крај нашите деца, кои што се нашата иднина, кои што во нив ја гледаме иднината на нашата држава, рече Рангелова.
Додаде дека по природа тие се доботелки, на моменти многу емотивни, но сепак најважно многу истрајни и издржливи.
– Жените претставуваат еден голем и значаен дел од светската популација со несомнено големо влијание на сеопфатното општество. Велиме ако мажите претсавуваат кровот на една куќа, тогаш несомнено жените претставуваат темелот на таа куќа. И ако направиме низа компаративни анализи за местото на жената во светот па и во нашето општество, секако ќе забележиме напредок. Ние тука не треба да застанеме. Во светски рамки во науката имаме се повеќе жени кои што се јавуваат како добитнички на нобелови награди од сите области на науката како физика, литература што секако за нас претставува големо признание. Во сферата на спортот жените постигнуваат се позначајни резултати во различните спортски дисциплини. Еве скоро и сега на ЗОИ 2018 година имавме можност да се восхитуваме на успесите токму на жени, рече Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рангелова до Тунтев: Вашите пратеници не знаат за какви закони ќе гласаат
-
Рангелова: Пратениците од СДС биле уморни, не знам од што се изморија кога збор не кажаа во Собрание
-
Рангелова: Под итно да престане прогонот на вработени во администрацијата кој го врши СДС (Видео)
-
Рангелова: Госпоѓо Шекеринска, плашете се народот да не ве осуди за предавство на државата