Не се само мајките тие кои вршат притисок врз ќерките што побрзо да најдат маж и основаат сопствено семејство. Обично мислиме дека мажите се поштедени од овие приказни, но овој случај од Загреб сведочи за нешто друго.
-Сериозен татко бара сериозна девојка на сериозен син. Бракот е можен. Добар е, студира хемија на ПМФ. Има многу пријатели, но за девојките не зборува, а времето минува. Годините и изгледот се неважни-порачува овој изгледа очаен татко.
Можеби синот мечтаел за некоја научна кариера, но очигледно таткото има други планови и не се срами да ги исполни, дури и по цена да го избламира сопствениот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.