| четврток, 6 декември 2018 |

Која е новата епидемија на 21 век?

Современиот живот е таков, што само малкумина немаат профил на една или неколку социјални мрежи. Твитер, Фејсбук, Инстаграм…

Има неколку примери за позитивно влијание на социјалните мрежи врз нашиот живот:

– Тие ни помагаат во размената на информации и искуства, ни помагаат да најдеме пријатели кои се наши истомисленици и се наоѓаат стотици километри далеку од нас и секогаш да бидеме во тек со она што се случува во нивниот живот;

– Тие ни овозможуваат брзо да дознаваме за слободните работни места, бидејќи многу компании ставаат објави на својата страница, и дури да се вработиме ако тоа ни е целта;

– Благодарение на социјалните мрежи многу луѓе си ја најдоа својата втора половина;
– Тие помагаат во патувањата, бидејќи благодарение на информациите, се штеди на превоз и на хотели;

– Имено социјалните мрежи им помагаат на многу талентирани млади луѓе да станат популарни, да добијат поддршка, признание од тотални туѓинци;

– За некого социјалните мрежи станаа извор на заработка, можат да помогнат во собирање пари за лечење на болните;

– Социјалните мрежи во ова време и помагаат и на полицијата, многу често може да се видат написи во медиумите дека со помош на преписка биле најдени изгубени или побегнати малолетници.

Да се продолжува овој список може долго. Но, има и еден огромен минус — проблемот на создавање зависност од социјалните мрежи.

Луѓето, кои се занимаваат со разработка на функционалноста на ваквите мрежи, ќе направат се за да ги подобрат, да бидат поинтересни, поубави. За да секој оној кој ќе влезе на веб страницата, да помине таму колку што може повеќе време, а пожелно е уште и да го отвори паричникот и да си купи нешто.

Да се разговара во мрежа е многу поедноставно, се чувствува некоја блискост. Бидејќи можно е да се регистрирате не само под своето вистинско име, туку и под измислен псевдоним, а наместо своја фотографија, да си ставите која било фотографија, па дури и лажна. Може да се пишува се, да се навредува, «тролува», лаже….. но, вистински никогаш да не се одговара за своите искази!

Дел од луѓето ги гледаат социјалните мрежи не само како извор за добивање на неопходната информација, разговор или самореализација. Тие можат да влегуваат и бесцелно да лутаат по профилите, да ги додаваат за пријатели не само своите познати, да учествуваат во дискусии, да читаат статуси, вести, да гледаат фотографии, да играат игри… Има многу дускусии едноставни празни, само со смајлови, а понекогаш и банално безобразие.

Портрет на човек, склон кон формирање на мрежна зависност

Предодредени кон зависност од социјалните мрежи се луѓе неуверени во себе кои имаат ограничен круг на дружење. Тие би сакале да се дружат, само што нивното мислење во реалниот живот луѓето околу нив не го ценат.

Ако луѓето имаат сериозно хоби, на коешто му го посветуваат целото свое слободно време, тогаш тие сигурно нема да гледаат 20 албуми, но, ако нема со што да се занимаваат, а слободно време имаат многу, тогаш тоа е најсигурен пат кон формирање на зависност.

Уште една категорија на лица имаат зголемен ризик – тоа се категоријата завидливи луѓе. Како е таму кај другите? Подобро? Полошо? А ако внимателно се разгледаат сите фотографии, па уште и на другарите, на роднините, на школските другари, колеги… Постепеното шпионирање на туѓиот живот влегува во навика, а оттука до зависноста има еден чекор.

Оваа зависност не се развива наеднаш. Тоа дрогата можеш да ја пробаш еднаш, два пати, три пати – и да станеш зависник. Но, зависноста од социјалните мрежи може да се формира со месеци, а понекогаш и година. На почетокот влегуваш еднаш неделно, па на два-три дена, па еднаш дневно, потоа неколку пати – и додека се свестиш, ја обновуваш својата страница по неколку пати дневно, на штета на својот живот.

Многу луѓе, чија работа е директно поврзана со компјутерите, дури и не излегуваат на работното место од своите профили (ако раководството тоа го дозволува).

Само, дали толку ли ни е потребно да разгледувате 100 фотографии од животот на својот пријател, кого речиси 5 години не сте го виделе, а го имате неговиот телефонски број и не сте му се јавиле? Можеби е подобро тоа време да го потрошите на изучување на странски јазик, разговор со родителите, со саканиот/та или децата? Или едноставно да си се наспиете. Социјалните мрежи „јадат“неверојатно многу време, кое би можеле да го насочите кон сосема друга, пополезна работа.

Како да определите дали некој е зависен од социјалните мрежи?

Ако сте зависник, одговорите на овие прашања ќе бидат позитивни, и ако имате половина од подолу наведените признаци позитивни, тогаш сигурно сте зависник од социјални мрежи. А тогаш седнете и размислете дали се исплатува толку многу време да посветувате на интернетот.

Први знаци на зависност се:

– Наметлива, неодолива желба да влезете на својата страница во социјалните мрежи, да ги погледнете последните новости, да ги прелистате фотографиите, да пројавите некаква активност;

– Жалбите од членовите на семејството, цимерите, колегите… дека многу време проведувате на социјалните мрежи;

– Значителни финансиски трошоци поради непотребни покупки преку Интернет;

– Неконтролирано трошење на времето кога сте пред компјутер и неможноста реално да кажете колку сте поминале пред монитор;

– Чувството на раздразнетост ако во дадениот момент немате можност да влезете во својот профил;

– Како што прогресира зависноста можат да се појават проблеми со учењето, во семејството, на работа, бидејќи зависниот човек престанува да им делува должно внимание и се повеќе време поминува он-лајн;

– Зависникот може да јаде пред мониторот на компјутерот, дури и да спие помалку, само да не пропушти нешто ново.

Како да се спасите од Интернет зависноста од социјалните мрежи?

Многу е едноставно ако сфатите дека имате проблем. Ако тврдо сте решиле да го смените својот живот, потрудете се претходно да си поставите граници за времето поминато пред компјутер. Не влегувајте на својата страница „просто така“. Напишете список на работи кои обврзно морате да ги направите. И само после тоа, откако ќе ги завршите сите обврски, како награда может да се најавите на омилената мрежа.

Уште една ефикасна метода е дружењето со другарите во реалниот свет, а не во виртуелниот. Договорете се за некаква заедничка екскурзија, излет во природа или седенка во кафуле, но, онаму каде нема бесплатен Интернет. И потрудете се тоа време да му го посветите имено на одморот, на дружењето со пријателите, а не со едно око во телефонот.

И ако ова не ви помогне, посетете психолог, бидејќи животот е премногу драгоцен за да го трошите пред монитор.

hybread.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top