| четврток, 6 декември 2018 |

Познат пејач ја дрогирал својата ќерка, ја силувал десет години и и направил дете (видео)

Малкумина би можеле да претпостават дека ќерката на еден од познатите музичари ќе преживее таков пекол во текот на растењето со познатиот татко. Мекензи Филипс ги шокираше со своето признание.

Нејзиниот татко, легендарниот рокер, Џон Филипс е донекаде виновен за проблемите низ кои помина Мекензи. Денеска таа е 58-годишната дама кој долго се бореше со зависностите, неколку пати е апсена и завршила на рехабилитација. Гнасниот детал е откриен подоцна, кога Мекензи гостуваше во емисија на Опра Винфри.

Во емисијата таа откри дека со својот татко десет години била во инцестна врска. честопати ја силувал, а во текот на еден од односите забременила, а тој и го платил абортусот.

Кога имала 11 години и дал кокаин, а неколку години подоцна и го вбризгувал во вена. Нејзиниот татко почина во 2001 година, на 66-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top