| четврток, 6 декември 2018 |

Од што е зависен секој хороскопски знак?

Секој си има свој порок, од кој не може толку лесно да се откаже. Астролозите тврдат дека порокот е тесно врзан и со хороскопскиот знак. Дознајте кој е вашиот порок според ѕвездите.

Овен

Овенот е голем индивидуалец и владетел на огнот, па често во искушение го доведуваат алкохолот и цигарите. Штом еднаш овенот се навлече, навистина му е тешко да се откаже, бидејќи е тврдоглав. Овните сметаат дека со пушењето цигари или со антидепресивите се ослободуваат од стресот, а ги сакаат цигарите бидејќи сметаат дека со нив изгледаат гламурозно.

Бик

Бикот е многу стабилен знак, но не е премногу свесен за себе и за своите постапки кога се во прашање храната и пијалаците. Тие сакаат да ги задоволуваат сите свои сетила, па неретко претеруваат во тоа. Доколку се сексуално фрустрирани, тие знаат да пијат премногу или да се однесуваат агресивно, а доколку чувствуваат вина стануваат воркохолици.

Близнаци

Овој знак често го менува своето расположение и се обидува да го ублажи своето патење со различни пороци. Близнаците се најпознати по тоа што обожаваат да пушат цигари, но и многу лесно знаат да се навлечат на адреналински спортови. Неретко, тие се и сексуални зависници. Сепак, својата хиперактивност знаат да ја преточат и во креативно работење, па често се зависни и од работа и од интернет.

Рак

Раковите се водени од Месечината, па многу често го менуваат своето расположение. Воопшто не е необично за овој знак, да му се препушти на алкохолот кога е во лошо расположение. Кога е лут, бесот знае да го потисне со храна, а цигари пуши за да биде послаб.

Лав

Бидејќи лавовите сметаат дека се бесмртни, тие во текот на животот знаат да внесат од сите пороци по малку. Па така, знаат да бидат коцкари, неверници, да пушат, пијат и слично. Кога е во прашање неверноста, лавовите ѝ се препуштат кога чувствуваат емотивна нестабилност.

Девица

Напнатата девица е најголем зависник од работа, од сите знаци во зодијакот. Претставниците на овој знак често се опсесивно-компулсивни и можат да бидат многу вознемирени ако работите не се движат онака како што планирале. Во таквите ситуации, најчесто се осврнуваат на апчињата за смирување и на алкохолот. Многу од нив пушат цигари за да ја задржат својата идеална тежина.

Вага

Вагата е знак кој идеализира сè, а кога работите ќе тргнат во неочекуван правец, тие ќе се оддалечат од лошата реалност и ќе се препуштат на алкохолот и на другите пороци. Вагите се чувствуваат непријатно во моментите на посветеност, па често знаат да изневерат, сакајќи да го избегнат тоа. Тие исто така знаат да се навлечат на вежбање, па дури некогаш и да претераат.

Скорпија

Најголемиот секс-зависник во зодијакот обожава да води љубов, пиејќи алкохол и да троши многу пари на облека и скапи ресторани за да го импресионира спротивниот пол. Не сака луѓе кои не се модерни, а често пуши цигари за да ја зачува идеалната тежина и за да изгледа гламурозно.

Стрелец

Стрелците се љубопитни индивидуалисти кои знаат да западнат во финансиска криза поради својата потреба од патувања, која не можат да си ја дозволат. Бидејќи по природа се немирни, неверноста и сексуалната зависност, често им претставува проблем. Ова е еден од оние знаци кои веруваат дека се бесмртни, затоа не е необично да пијат, пушат и да се занимаваат со други пороци.

Јарец

Крутиот јарец е најмалку склон на пороци. Јарците се многу грижливи околу своето тело, па знаат да бидат зависни од вежбање. Бидејќи сакаат да изгледаат многу слабо, кај нив постои голем ризик од булимија или анорексија. Единствен порок кој го сакаат се цигарите.

Водолија

Овој знак обожава да истражува нови начини на размислување и сака да испробува различни перцепции. Луѓето родени во овој знак неретко се вегетаријанци. Знаат да одат од крајност во крајност, па нивната зависност може да ги излудува сите во нивната околина и да трае долго. Сепак, по некое време повторно почнуваат да се грижат за своето здравје.

Риби

Рибите се зависни од романтика. Тие сакаат да пијат за да ја заборават болката која ја чувствуваат во реалноста, бидејќи се многу чувствителен знак кого знае да го заболи срцето од многу причини. Лековите за смирување, исто така можат да створат зависност кај рибите. Бидејќи се имагинативни, во моментите на психичка слабост треба да внимаваат да не се препуштат на опијати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top