| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за замолчување на „Република“

Судската пресуда со која се казнува неделникот „Република“ со парична казна, а директорот и сопственикот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште, медиумот го смета за притисок и форма на цензура.

Претседателот на Здружението на новинари на Макдонија, Насер Селмани, вели дека за случајот дознале од медиумите, а доколку биле навремено информирани, од времето и кога била покрената постапка, ќе имале можност за постојано мониторирање на процесот и навремена реакција.

– Сега што може да се направи? Ја добивме пресудата и веќе ангажиравме адвокат да ни даде мислење, како во овој случај е применет законот и дали пресудата е во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. На адвокатот ќе му биде потребно два-три дена да ни даде мислење, а потоа ќе излеземе со став во јавноста, вели Селмани.

За потсетување, медиумот е казнет за текст за кој прво е одредена глоба од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци, за потоа, истиот случај да добие и судската пресуда со парична казна, а Доне Доневски, директор и сопственик доби условна казна затвор, и то а како што тврди тој без ниту едно одржано рочиште.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека не може да се впушта во коментирање на правната заснованост на конкретната судска одлука и дали таа е во колизија со другите законски прописи во Македонија.

ССНМ е на став дека текстот кој бил предмет на прекршочна и на кривична постапка, од етички и професионален аспект е во длабока колизија со основните новинарски принципи и дека покрај повеќето прекршувања на Кодексот, тој текст изобилува пред се со говор на омраза. А додека Самостојниот синдикат коментира за наводен говор на омраза, не сака да се произнесе и да реагира за овој преседан во кој за истиот случај „Република“ се казнува два пати.

Правниците коментираат дека ваков случај досега воопшто не било дел од судската пракса бидејќи за исто дело медиумот веќе добил прекршочна казна изречена од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која е веќе платена.

Интересно е што посочените лица, во текстот со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ не ја негираат содржината на текстот, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Туку, проблематично било што посочувањата во текстот се поврзани со име и презиме на личности, кои всушност имаат јавни функции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top