| четврток, 6 декември 2018 |

„Лесновски ѕвона“ на Чедо Јакимовски во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија в петок (2 март) во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Лесновските ѕвона“, портрет на Чедо Јакимовски, поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија. Со ова чествување, ДПМ одбележува 25 години од смртта на поетот.

За творештвото на Чедо Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стиховите ќе ги кажува актерот Страшко Милошевски, а програмата ќе ја води Александра Велинова. Учество ќе земе и музичкиот состав „Кратовски тамбураши“ со изведба на староградски песни кои беа составен дел на боемскиот живот на Чедо Јакимовски.

Чедо Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на култните книги „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Член на ДПМ беше од 1966 година.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top