На тинејџер може сешто да му притекне, но вакво нешто е навистина далеку од памет. Надзорните камери во грдаот Чонкинг во Кина го снимија момчето како уринира врз копчињата на лифтот, го затвора шлицот и чека да дојде на својот кат и да излезе.
Но, кармата може да биде гадна работа.
Токму пред да излезе, вратата се заглавува и тој во паника почнува да ги стиска копчињата кои пред малку ги измочал, но бадијала. Поради краток спој , лифтот со часови останал заглавен,а момчето го спасиле од лифт службата.
Надзорните служби го виделе видеото дури откако го пуштиле тинејџерот, така што поминал без соодветна казна, освен можеби стресот што го претрпел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)