Стандардниот термин за одигрување на натпреварите од Лигата на Шампионите од 20.45 ќе биде променет. Од наредната сезона Лигата на шампионите ќе се игра во вторник и среда, но со термини од 18:55 и 21:00 часот со цел да бидат пренесувани поголем број натпревари.
Лига Европа останува да се игра во четврток и ќе биде со истите термини како и во Лигата на шампионите 18:55 и 21:00 часот. Ова правило единствено нема да важи за Русија и Казахстан каде средбите и понатаму ќе започнуваат од 18часот.
Со ова љубителите на фудбалот ќе можат да следат по два преноси во еден ден, наместо досега по еден во терминот од 20.45ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.