| четврток, 6 декември 2018 |

„Ако не излезеш на избори, по дома ќе ти шетаат педери“ (ВИДЕО)

Руски медиуми на социјалните мрежи промовираат снимка на која се повикуваат граѓаните да излезат на претседателските избори закажани годинава.

Според спотот, ако секој Русин не излезе на избори, на неговото семејство ќе му биде доделен по еден припадник на геј популацијата, а црнци ќе добијат високи позиции во војската, со овластување да регрутираат војници. Старосната граница за служење војска ќе биде крената на 60 години, заштоа што претседателот „што го гласале“ донел таква одлука.

На социјалните мрежи спотот е главно негативно оценет, а рускиот Комитет за избори соопшти дека нема врска со политичката реклама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top