| четврток, 6 декември 2018 |

И Саша Поповиќ бил кај Баба Ванѓа: Еве што му рекла…(видео)

Саша Поповиќ многу пати говореше за деновите во „Слатки грех“, кога тој прочуен југословенски бред крстосуваше низ земјите во поранешна Југославија.

Но, бендот се распаднал, а Саша сега за прв пат откри некои работи кои ги доживеал, од кои, веројатно, најшокантна е таа која се однесува на посетата на баба Ванѓа.

-Како стигна војната, така ние се распаднавме. Прво ние се распаднавме, поради веќе познати работи. Ние бевме омилени, навистина, во сите делови на поранешна Југославија. Како во Македонија, така во Србија, Далмација… Едно време ништо не работевме и тогаш смислив како да егзистирам финансиски. Ја продадов колата, станот во Нови Сад, земав нешто што имав заштедено, и се ставив кај Дафина. И во 1993 година, се сеќавам на 10 март, пукна Дафина, пукна. Исчезна се, вели Саша.

-Тешко е, но Бог кажал;  „Ти ќе имаш, па ќе немаш, па пак ќе имаш“, додаде тој со насмевка.

Како што вели, профитот кој „Слатки грех“, со Брена го направи во годините во кои војуваа земјите од поранешна Југославија, е баснословен!

-Ние во 80-те години навистина многу заработувавме. Од тие 100 милиони, 50 отидоа на даноци, државата и така натаму, а 50 отидоа кај нас. Тогаш навистина имавме многу  пари. Не знаевме што да правиме со нив. Купувавме автомобили, трошевме, фрлавме… Мислевме тоа ќе биде вечно. Но, се случи тоа што се случи, искрен беше Саша, а потоа ја спомена и баба Ванѓа.

Како што вели, Ванѓа предвидела распад на прочуената група и времето кога тоа ќе се случи.

-Бевме кај покојната Ванѓа. Точно е тоа што го кажа! Јас кога седнав пред неа, таа ми рече: „Симни ги очилата“. Јас и велам: „Не носам очила“, а таа вели: „Сега ќе те исфрлам надвор, симни ги очилата“, „Деца ова е прекрасно, ова е убаво, но вие следната година нема да постоите“. И тогаш ми го опиша целиот живот… Ај сега да не зборувам. Се ми кажа што ќе биде и како ќе биде, и се испадна точно… Дури и ме праша: „Сакаш ли да ти кажам кога ќе умреш?, изјави Поповиќ.

-И ти сега се знаеш?, го праша водителката.

-Да. И се ми се оствари, но пази во дланка! За пет минути ми го раскажа целиот живот и рече: „Добро памети што ќе ти кажам!“. Зборуваше половина српски, половина бугарски, поради тоа што таа е Струмичанка. Родена е таму, идеше во школо таму, вели првиот човек на Гранд продукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top