| четврток, 6 декември 2018 |

Британските медиуми ја цитираат Баба Ванѓа: Што предвиде таа за Путин?

За Баба Ванѓа деновиве пишуваат и британските медиуми, а „Мирор“ кој потсетува дека го погодила исходот за Брегзети, истакнува дека пророчицата која почина во 1996 година пред крајот на животот дала прогноза за Путин и Русија.

Имено, како што пишува британскиот таблоид, Баба Ванѓа своевремено истакнала дека Владимир Путин и Русија ќе доминираат со светот.

По состанокот со писателот Валентин Сидирив во 1979 година таа рекла:

-Сите ќе се истопат како мраз и ќе исчезнат, само едно не-Славата на Владимир, славата на Русија. Никој не може да ја запре Русија. Сите препреки ќе ги отстрани пред себе и ќе стане господар на светот.

Меѓудругото, Ванѓа рекла дека “двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде „осмиот“ руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата“.

Толкувачите на нејзините пророштва „типуваат“ на тројца: средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илиќ Ленин и на Владимир Путин, кој според пресметките е токму осмиот лидер.

Според пророштвата на Ванѓа, Русија ќе стане најголема светка сила до 2040 година.

Непосредно пред смртта Баба Ванѓа уште еднаш ја предвидела светлата иднина на Русија, пипува „Дејли мирор“, а исто така истакнала и оптимизам по прашањето на нуклеарната војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top