Снегот и ниските температури го зафатија Балканот но и остатокот од Европа. Студениот брак од Сибир стигна до Франција, Романија, Белгија, Италија, Шпанија… Поради ниски температури викендов две лица во Полска и едно во Франција го загубија животот.
Во недела попладне во Франција температурата падна 10 степени под нулата, а поради ветерот, се чувстуваше дека надвор е минус 18 степени Целзиусови, јав Метео Франс.
Бездомник (35) е пронајден мртов во неделата наутро во Франција, каде што живата во термометарот покажувала минус три степени.
Во Полска два лица смрзнале во текот на ноќата. Во неделата наутро биле измерени минус 12 степени.
Во Русија Државниот метеоролошки завод предупреди дека меѓу 23 и 28 февруари земјата ќе ја погодат необично ниски температури. Во ноќта во понеделник во околината на Москва се очекуваат минус 24 степени Целзиусови, а во некои места на Русија дури и до минис 35. Метеоролозите најавија ниски температури и за почетокот на март.
Во југоисточна Европа се очекува студ во Романија, минус 25 степени, како и во соседните балкански земји. Училиштета во Букурешт нема да работат во понеделник и во вторник.
Во Германија зимава нова минусна рекордна температура, 27 степени била измерена во Алпите, во Цугшпиц, а во Бремен беа откажани 10 лета поради снег.
Иако Рим поради медитеранската клима најчесто има умерена клима, тоа се смени оваа година поради арктичката бура која помина во Европа и донесе снег и ниски температури. Поради снегот, сите јавни училиште утринава беа затворени.
Во Австрија и во Унгарија, но и во Велика Британија, Италија и Шпанија власите ги повикаа жителите да бидат подготвени за доаѓање на феноменот познат како „Москва – Париз“, исклучително студен возух од Сибир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.