| четврток, 6 декември 2018 |

Саемот на книгата ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“

Министерството за култура на Република Македонија, како покровител на манифестацијата Саем на книгата, ја информира јавноста дека претстојното издание на Саемот на книгата ќе се одржи во салата на СЦ „Борис Трајковски“, со оглед на тоа што Скопскиот саем веќе не работи.

– Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата. Саемот за книга годинава ќе се одржи во салата ‘Борис Трајковски’, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата – велат од Министерството.
Министерството за култура во наредните денови ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за поконретните аспекти на организирање на Саемот и обезбедување на потребната поддршка. Додека не се премости проблемот со обезбедување на саемски простор во градот, Министерството ќе продолжи да создава услови во континуитет, за оваа значајна манифестација да продолжи да се одржува, да се развива и да ги задоволува културните потреби на нашите граѓани.

Саемот на книгата годинава ќе се одржи по 30-ти, јубилеен пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top