| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид омилен за Холанѓаните

охридСтотина холандски претставници на туристички организации и тур-оператори в петок ќе допатуваат во Охрид каде што во три дена ќе ја разгледаат туристичката понуда. Предвидени се средби со македонските туристички работници, со кои ќе се бараат начини за зголемување на бројот на туристите од Холандија во Македонија. Три последователни летни сезони туристите од земјите од Бенелукс се најбројни во Охрид и воопшто од Македонија. Првите гости годинава од таму допатуваа при крајот на август, а се очекува нивниот број годинава да надмине 20 илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top