| четврток, 6 декември 2018 |

Го моли семејството за прошка: Напаѓачот на американската амбасада во Подгорица оставил проштално писмо

Далибор Јауковиќ, кој фрли бомба врз Амбасадата на САД во Подгорица, па самиот се разнесе, оставил проштално писмо на шест страници.

Некои медиуми во Србија јавуваат дека тој не сакал да се разнесе самиот, туку по грешка ја активирал бомбата додека била кај него.

Тој во писмото го моли семејството за прошка, и ги опишува личните и политичките ставови.

Според полицијата, токму писмото ќе го даде мотивот за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top