Џин Тери си заминува од Лондон, од Челси. Па за очекување беше дека еден ден ќе се „јави“ со писмо за простување од сите оние со кои „соработуваше“ во изминатиот период.
На својот инстаграм профил опширно ги образложи причините за разделбата ос „сините“ и со „Стемфорд бриџ“.
– Полн сум со емоции од кога на почетокот на неделата клубот и јас соопштиме дека ова ќе биде мојата последна сезона во Челси. Тоа беше најтешката одлука во животот за мене и за моето семејство. Но секогаш сакав да си одам на еден вистински начин, во вистинсмо време, за кое мислам дека е ова. Мислам дека сеуште можам да игра добро, Но јасно ми е дека приликите во Челси за мене ќе бидат ограничени, и поради тоа верувам дека е време за нов предизвик. Од кога бев дете мојата единствена желба беше да бидам професионален фудбалер. И сакам да му се заблагодарам на Челси, на моите родители, и на братот што ми дадоа можност да го исполнам својот сон – напиша Тери, кој притоа не заборави ниту на огромната подршка која ја добива(ше) од сопственикот на „сините“, Роман Абрамович.
– Челси беше мојот живот 22 години, Ми даде можност да се натпреварувам со најдобрите, да уривам рекорди, и да освојувам трофеи. И сето тоа ја зголемуваше мојата желба да работа и за себе и за тимот. Таа опсесија ми овозможи да станам најуспешниот капитен на Челси, и поради тоа сум исклучително горд кога некој ќе го спомене моето има заедно со оние на Рон Харис, Питер Бонети, Френк Лампард, Џон Холинс и многу други великани кои го носеле дресот на Челси – дополни во своето ображање до јавноста неверојатниот Џон Тери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.