| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје уште во февруари го надмина годишниот лимит на ЕУ за аерозагадување

Главниот град уште во февруари ги надмина годинешните дозволени граници за загадување на воздухот што се поставени од страна на Европската Унија. Овие лимити на ЕУ вчера се надминати на сите поставени мерни станици во Скопје, освен на онаа во општината Илинден. Ова го соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје смог-аларм“.
За споредба, во Европската Унија дозволената граница за концентрации на ПМ10-честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на кубен метар и дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10-честички е 35 дена во една календарска година. Во Скопје, најмногу надминувања на овие гранични вредности за ПМ10-честички, по календарски денови, се регистрирани кај Ректорат (УКИМ) – 54, Лисиче со 47, Гази Баба 45, Карпош 42 и Центар 40 микрограми на кубен метар.

Светска банка во 2015-та проценила дека во Македонија од загадениот воздух годишно умираат 1.350 граѓани, додека Европската агенција за животна средина во 2017 проценува дека годишно има до 3.000 смртни случаи заради загадувањето на воздухот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top