| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанецот Лесноски за огромната добивка: Се тресев во исчекување, но овој пат „упали“

Четириесет и осумгодишниот прилепчанец Ване Лесноски денеска е главна тема во својот роден град, па и во Македонија, откако синоќа се дозна дека ја има најголемата добивка на спортско обложување од 565.000 евра. И по 12-тина часа од среќната вест сè уште е возбуден.

– Синоќа кога го чекав резултатот од последниот натпревар во Лигата на шампионите Севиља – Манчестер Јунајтед се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност, голема возбуда. Навидум бев мирен, се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, ама кога го слушнав резултатот, занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Ова не се случува секој ден. Сега, по 12-ина часа уморен сум, исцрпен, ама има време, ќе се одморам, вели среќниот добитник Ване Лесноски.

– Два добитни тикети се. Едниот е уплатен на 23 јануари – двапати, а другиот на 24 јануари – уплатен е пет пати. На крајот останаа да ги чекам последните пет натпревари од Лигата на шампиони. Синоќа беше последната Севиља – Манчестер Јунајтед. Седум тикети беа уплатени на вкупна сума од 300 до 400 денари. Некои се по 30, 40, 50 и 60 денари. Скратував по некој натпревар. Оти не смееле да бидат исти, така ми ги објаснија правилата. Оти, ако се исти, само еден исплаќале. А така играм и вообичаено, на мали уплати, некогаш дури само на 20 до 30 денари. Ама еве „упали“ овој пат, изјавил Лесноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top