| четврток, 6 декември 2018 |

Не му дале да го искористи тоалетот додека не уплати ливче, сега е побогат за 100.000 динари!

Приказната која овие денови го освои интернетот гласи вака: Човек од Белград морал итно да оди во тоалет. Влегол во обложувалница, а таму му се случило нешто што ќе го памети цел живот.
Списанието „Политикин забавник“ пишува за овој настан.
– Внатре не му дале да го користи тоалетот ако не уплати „ливче“. Момчето уплатил ливче за 25 динари. Не ни гледал кои натпревари ги пишува, битно му било да уплати и да влезе во тоалет. Конечно завршил „работа“ и си продолжил среќен по патот. После една недела го пронашол тикетот во џеб и го проверил, за секој случај. На крајот излегло дека тикетот е добитен, а неговите 25 динари му донеле 100.000 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top