Хаус продуцентите Ивајо(IWAYO) и Тод Хејз (Todd Haze) денес го пуштија видеоспотот за својот прв заеднички проект “Трн ап д бејс”(Turn up the bass) на Јутјуб. Песната е работена од двајцата наши млади продуценти кои будат надеж за глобално ширење на музиката која ја работат.
Во експанзија на хаусзвукот, на светските топ листи ќе се најдат и македонските продуценти со својата нова трака која наскоро ќе биде издадена од Лондонската продуцентска куќа 2Кросворлдер”(Crossworlder). Промовирана од оваа светски признатакуќа, Ивајо и Тод Хејз ќе бидат слушани меѓу веќе познатите Армин Ван Бјурен, Тиесто, Авичи.
Песната ќе биде достапна и преку сите интернет продавници како Ајтјунс(iTunes), Битпорт(Beatport), Џуно Даунлоуд(Juno Download), Трексорс(Traxsource) и други.
Ивајо исто така деновиве во соработка со нашиот познат хип хоп артист Слаткаристика го промовираше новиот сингл и видео запис за песната „Добро да е”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)