| четврток, 6 декември 2018 |

Не е само македонската: Дарко Димитров со две песни оди на Евровизија во Лисабон

Со песната “Нова деца”, групата “Сања Илиќ и Балканика” триумфираа на фестивалот “Беовизија”, обезбедувајќи билет за Лисабон каде што ќе ги бранат боите на Србија. Нивната композиција освои најмногу гласови и од жирито и од публиката, оставајќи ја зад себе второпласираната “Песма за тебе” од Сашка Јанковиќ.

Предводена од авторот и композитор Александар Сања Илиќ, групата е составена од музичари кои свират стари инструменти од Балканот, кои со посебно внимание ги преплетуваат со модерен поп-рок звук. Музичкиот стил на “Балканика” е оригинален звук комбиниран со елементи од светската музика, засновајќи се на силниот и исконски ритам на Балканот, со модерен пристап и сензибилитет.

Заедно со сопругата Татјана Карајанов, Илиќ се потпишува како автор на музиката на “Нова деца”, а стиховите се на Даница Крстајиќ, додека аранжманот го направи нашиот Дарко Димитров, кој ја аранжираше и нашата евровизиска песна на групата “Ај кју”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top