Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и професор Акис Целентис не успеа да се качи на авионот со кој требало да отпатува од Техеран до Јасуџ. Поради доцнењето, не стана 66-та жртва од вчерашната авионска несреќа, во која загинаа 65 лица.
– Поради неверојатниот метеж во Техеран, задоцнив и не успеав да се качам на тој лет. Планирав во Јасуџ да одам со тој или следниот лет, изјави Целентис за АНА.
Во авионот од типот АТР-72, кој летал на релација од Техеран кон југозападниот ирански град Јасуџ, се наоѓале 59 патници и шестмина членови на екипажот. Леталото се урнало во планински регион на околу 480 километри јужно од Техеран.
Медиумите првично јавија дека сите 66 лица кои биле во авионот загинале, но подоцна бројката беше намалена, затоа што едно лице воопшто не се качило на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Францускиот премиер Филип критикуван поради сметката од 350.000 евра за приватен лет од Токио
-
Историски лет на „Ер Србија“, до Париз со целосно женски екипаж (ФОТО)
-
Словенците од Париз ќе слетаат во Загреб со бронзата што и ја „украдоа“ на Хрватска
-
Иванка Трамп нападната во авион додека била со децата!