Иванка Трамп на сите им стави до знаење дека ништо не може да ја исфрли од такт, додека со своите деца летала од Њујорк за Флорида.
Имено, мајката на три деца и ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ја нападнал еден патник.
Мажот кој во своите раце држел дете, викал на Иванка и ја прашал што бара таа на комерцијален лет кога има приватен авион.
Иванка скоро не обрнала внимание на него и се обидувала да ги заигра децата со боички, како би им го свртела вниманието од насилникот.
Сопругот на мажот кој почнал да вика на Иванка, Метју Ласнер рекол дека воопшто не било така и дека неговиот сопруг со мирен тон го изразил своето незадоволство, но дека екипажот на авионот го слушнал и го исфрлил од авинот.
Сепак, само еден час порано Ласнер на Твитер напишал:Иванка и Џаред се во авион, летаат со комерцијален лет. Мојот маж ги малтретира.
Набрзо ги избришал твитовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Некогаш е добро да доцните – пропуштањето на летот му го спаси животот
-
Иванка Трамп во новогодишниот фустан никогаш не изгледала посекси!
-
Францускиот премиер Филип критикуван поради сметката од 350.000 евра за приватен лет од Токио
-
Цел свет зборува за ќерките на Трамп: Тифани под капутот не носи ништо, а Иванка се облекла како стјуардеса!