Скандал во Бигорскиот манастир при посетата на манастирот на делегацијата на Република Бугарија која ја предводеше бугарскиот претседател Румен Радев, монасите од Бигорски на тронот во манастирот го седнале митрополитот од Пловдив, Николај.
Иако Николај доаѓа од црква која не ја признава МПЦ и не сослужува со нашата црква, игуменот Партениј му го отстапил тронот на бугарскиот митрополит, кој гордо и исправено им мавта на македонските монаси додека тие поданички му пеат.
Православната традиција вели дека на тронот треба да седне или игуменот кој го води манастирот или митрополитот во чија област е манастирот или пак поглаварот на црквата. Во нашиот случај седнува човек кој воопшто не ја признава МПЦ.
Веднаш до Николај, за време на службата стоеше бугарскиот претседател Румен Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)