На 19.02.2018 година, на подрачје на Неготино, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за крим полиција –Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за внатрешни работи Велес презедоа координирани мерки и активности, а при извршен претрес во домот и други простори кај лицето А.Т. (41) во Неготино пронајдени и одземени се: 1,5 килограми наркотична дрога марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.
Пријавениот А.Т. наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица. А.Т. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и истиот ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Падна дилер од Teтово, во домот му се најдени 45 кг марихуана (фото)
-
Приведен дилер на дрога од Тетово
-
Приведени 70 лица во тетовско и гостиварско под сомнeвање за продажба или користење на марихуана, хероин и кокаин