| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон и Меркел за „Радикалните реформи“ на ЕУ

Германскиот канцелар Ангела Меркел му најави на британскиот премиер Дејвид Камерон дека ќе разговараат за да тој објасни што всушност предлага, кога вели „радикални реформи“ на Европската Унија.

Меркел е поумерена од негативните реакции од европските лидери на „ултиматумот“ на Лондон до Брисел и заканата дека ако не се прифати британската визија за ЕУ, Велика Британија би можела да ја напушти Унијата.

Најголемиот дел од земјите во ЕУ се согласуваат со постоењето на поцврсто интегрирана Унија, додека Камерон сега заговара пофлексибилна и прагматична ЕУ, фокусирана на трговијата и заедничкиот пазар.

Претходно германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле најави дека Германија може да се согласи некои од веќе дадените овластувања на Брисел, да се вратат во надлежност на земјите-членки, што би значело ревизија на некои од европските спогодби. Сепак Вестервеле инсистира на согласност на сите 27 членки.

Ангела Меркел и Дејвод Камерон се меѓу учесниците на годинешниов економски форум што се одржува во Давос, во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top