Европската Комисија реагираше на изјавата на премиерот Еди Рама, кој на свечената седница за десет годишнината на независноста на Косово, рече дека Албанија и Косово може да имаат еден заеднички претседател како симбол на унитарноста.
„Изјавите, кои што можат да се интерпретираат како политичко мешање во соседните земји, не помагаат во градењето на добрососедските односи“, рече потпаролката на ЕК, Катерине Рај.
„ЕУ очекува во целиот регион да продолжи градењето на конструктивни односи и соработка. ЕУ продолжува да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион“, подвлече таа.
Во меѓувреме, веднаш по изјавите на Рама, неколку српски националисти политичари, бараа Рама да се прогласи „persona non grata“ во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)