Играчот на Манчестер сити, Карлос Тевез се сели на Апенинскиот Полустров како ново засилување на италијанскиот првак Јувентус.
За неговите услуги „старата дама“ плати 10 милиони фунти, со годишна плата од 4,6 милиони фунти (5,5 милиони евра), а договорот е потпишан на три години.
Од Манчестер сити велат дека со продажбата на Тевез заштедиле 17 милиони фунти, пари кои требало да ги дадат за него во последната година од договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.