| четврток, 6 декември 2018 |

Разведени сме, но се уште се сакаме: Сега е јасно каков е односот на Раста и Ана!

Откако на бината на заедничкиот концерт во Македонија страсно се бакнаа, пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста ги потврдија пишувањата дека се смириле. Тие и откриваат како дошло до тоа.

-Направивме одличен концерт во Македонија, а на сите главно прашање им е дали Стефан и јас сме во брак или не. Како што се огласив кога бевме во проблем, така нема да молчам ни сега. Тогаш ја зборував вистината, па и сега ќе ја кажам: Стефан и јас сме официјално разведени, не сме во брак, пред законот не сме маж и жена. Меѓутоа љубовта која ја чувствуваме  не врзува повеќе од било каква хартија и закон. Ги надминавме проблемите кои ги имавме, продолживме таму каде што застанавме. Уживавме во првиот заеднички концерт по моето породување, уживаме во секој ден со Тара, во секој наш заеднички момент – рекла Ана, додека Раста бил штур на зборови.

-Не сакам многу да зборувам за приватниот живот. Она што можам да го кажам е дека и ние, како и сите други луѓе сме од крв и месо. Ги проживуваме сите моменти, и убавите и помалку убавите. Преживеавме разни осудувања и сега сме посилни од било кога – рекол раперот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top