| четврток, 6 декември 2018 |

Шест илјади полицајци против 100 илјади демонстранти – ќе се игра ли вечер фудбал во Бразил?

Шест илјади полицајци треба вечер да го обезбедуваат полуфиналето меѓу Бразил и Уругвај во Бело Хоризонте, а против нив можно е да има маса од 100 илјади демонстранти. Бразилците се загрижени и велат дека е можно полуфиналето воопшто и да не се игра вечерва од 21 часот.

Brazil vs Italy

 

Од ФИФА пред некој ден изјавија дека Купот на конфедерации сигурно ќе се одигра докрај и дека не се загрижени. Од самиот почеток на фудбалскиот самит на континенталните прваци, што се игра во Бразил, има протести, што се масовно, но досега директно не го загрозија натпреварувањето.

Низ Бразил се протестира против бранот поскапувања во земјата, но и против, како што велат самите, неконтролираното трошење пари за организација на Купот и на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Бразил следното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top