| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев го „стресе“ и Интер (видео)

Македонскиот капитен Горан Пандев беше стрелец на еден гол, а Џенова со 2:0 го совлада неговиот поранешен клуб Интер во 25. коло од Серија А. Пандев голот го постигна во 59.минута по асистенција на Лаксалт и го постави конечниот резултат.

Натпреварот резултатски беше отворен пред самиот крај на првото полувреме со автоголот на Ранокија.

Македонскиот капитен е во фокусот на вниманието поради тоа што е посебно мотивиран кога игра против своите поранешни екипи. Пандев пред две недели беше стрелец и во победата над Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top