| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот „Дачиа дастер“ автомобил на годината за 2018 во Македонија

Националното жири при изборот „Автомобил на годината во Македонија“ одлучи да оваа 2018 година титулата ја додели на комплетно новиот „Дачиа дастер“. Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост во кои „Дастерот“ ја направирешавачката предност.

Новиот „Дастер“ оди чекор понапред во досега веќе воспоставениот квалитет – вистински SUV со комплетно нов модерен надворешен стајлинг, редизајнирана внатрешност со фокус врз комфорот и квалитетот како и асортиман од практична нова опрема која ви помага во секојдневното возење.

Подобреното искуство со возењето со погон на четири тркала и истата офроуд способност, го позиционира комплетно новиот „Дастер“ меѓу најдобрите на пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top