| четврток, 6 декември 2018 |

Херојот на масакарот во Флорида: Тренер со своето тело ги штител учениците од куршуми (видео)

Седумнаесет лица, деца и возрасни, се убиени во средното училиште во Флорида, каде 19- годишниот Николас де Хесус Круз пукал од автоматска пушка, по што е уапсен.

Објавени се и идентитетите на некои од жртвите на масакрот во Флорида, а меѓу нив е Крис Хиксон 49- годишниот директор за спорт на училиштето.

Крис едноставно беше многу добар, и секогаш помагаше на другите- рекле неговите пријатели.

Во масакрот е убиена и Џејми Гутенбург, ученичка во училиштето во Флорида, додека нејзиниот брат успеал да побегне и да се спаси.

Сепак еден од хероите кои исто така загинаа е тренерот Арон Феис. Според пишувањето на социјалните мрежи и локалните весници, Феис стоел пред убиецот и со своето тело ги штител учениците, па така бил погоден неколку пати и одведен е во болница.

За сега сеуште не е познато дали успеал да преживее или не, медиумите најпрвин објавија кој загинал, а неговото име го нема меѓу ив, па можно е докторите сеуште да се борат за неговиот живот.

Хероина е и професорката Мелиса која своите 19 ученици ги сокрила во орманот кога слушнала истрели и се криеле таму половина час се додека не било безбедно да излезат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top