| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)

Поранешен ученик од средно училиште од градот Паркленд на Флорида отвори оган и уби 17 лица, соопшти шерифот на тој округ Скот Израел.

Како што наведува утврден е идентитетот на напаѓачот и се работи за 19-годишниот Николас Круз, пренесе Ројтерс. Напаѓачот мирно и се предал на полицијата, рекол шерифот.

Кај него е пронајдена најмалку една пушка и повеќе рамки на муниција. Повеќето жртви, 12 од нив се убиени во самата зграда на школото а некои пред, пренесе АП. Меѓу жртвите има и ученици и возрасни.

 Како пренесува Ројтерс напаѓачот бил исфрлен од училиштето поради дисциплински причини. Шерифот на прес конференција рекол дека сцените на лице место се ужасни и дека нема зборови да ги опише.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top