| четврток, 6 декември 2018 |

Хоџа: Љубе Бошковски не ме победи во Арачиново, но ме предадоа Албанците

Со падот на кумановско Ваксинце во војната од 2001 година, претерано се зголеми притисокот од македонската полиција и воените сили, на остатокот од слободниот дел на општина Липково. Силните напади врз селата Слупчане, Оризари, Липково, Хотле, Матејче, Никуштак, на Ропалце, не запреа. Продолжија и нападите во планинските села на Карадак. Непријателот се обиде со сите средства да не пронуди да ја напуштиме оваа област, пишува Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа во неговата колумна објавена на сајтот Лајмпрес.

Хоџа кој беше еден од главните команданти на ОНА во конфликтот во 2001 година во колумната напишана по повод 12-годишнината од битката кај Арачиново тврди дека успел да спречи освојување на селото, но истовремено вели и дека се чувствувал предаден од некои Албанци поради кои се уште се криел во планините од македонските власти. Еве што друго пишува Хоџа во неговата колумна:

„Воените стратези, оценија дека најдобар начин да се отфрли овој притисок беше да влеземе во селото Арачиново, за да ја продолжиме линијата на фронтот и нападите на непријателот да бидат расфрлани во поширока линија. Одговорноста да се реализира овој план ја добив јас и командант Тели. Ја организиравме четата број 5 бригада 113 “Исмет Јашари – Куманово”.
Имавме 68 војници во оваа чета. Беше организирана во рекордно време од две недели со добра воената хиерархија. Активностите се одвиваа под многу тешки услови. Се водеа жестоки борби против македонските полициски и воени сили, потпомогнати од странски платеници. Мораше да се грижиме Македонците да не ја изгорат црквата во селото Арачиново, за да не не обвинат дека правиме верска војна, наместо национална.hodza2121

Ние моравме да користиме различни тактики за да го одвлечеме вниманието на противникот, кои сметаат дека во Арачиново се борат над 500 борци на УЧК, а не само 68 кои реално бевме. Војна беше да се биде или да не биде. Со многу пријатели и другари со кои сум зборувал, се проценува дека битката на Арачиново беше еден од најжестоките битки не само во Македонија, туку и на УЧК во Косово.

hodza2
Сепак, 12 години по војната, заборавени се вистинските воини во битката за Арачиново. Некои беа убиени, а некои беа уапсени, некои беа во бегство, други се шетаат по улиците на Европа барајќи азил. Жал ми е за оние Албанци кои денес аплаудираат на партиските состаноци, заборавајќи кој всушност ја водеше војната. Ракоплескаат оние кои денеска се повикуваат на име на ОНА, а во 2001 година, војната ја следеа на телевизиските екрани.
Без оглед на се, јас сум горд што не му дозволив на Бошковски да влезе во Арачиново, но сум разочаран од предавство што ми го направија некои Албанци принудувајќи ме до ден денес, да се шетам по планини и ридови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top