| четврток, 6 декември 2018 |

УЧК бара САД и ЕУ да се ангажираат за Македонија да додели парична помош на борците на УЧК

ЗВВ-УЧК преку нивните амбасади се обрати со барање до САД и Европската унија, од кои бараат да се ангажираат за семејствата на мачениците, маченици и ранетите од војната во 2001 година, да имаат ист третман како и другата завојуваната страна, пренесе порталот на албански јазик „Лајмпрес“.

-Во име на ветераните, инвалиди, семејствата на мачениците на УЧК под амблемот на УЧК, од ова здружение бараат нивните легитимни барања да бидат земени во предвид. ЗВВ соопшти дека ќе испрати до амбасадите точни податоци за бројот на жртви за албанското прашање во ПЈРМ, за воените инвалиди, масакрираните, киднапираните кои се најдени и за исчезнатите, кои имаат мандат на албанскиот јазик, знаме, соодветно име на државата, образованието за еднаквост и европската иднина. Ние не сакаме привилегии или обештетување, бидејќи ниеден надоместокот не ја покрива најголемата жртва на хероите и нивните семејства, но ние сакаме соодветен третман како другата завојувана страна- се вели во реакцијата Здружението на воените ветерани на УЧК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top