Во дербито на денот во вторник ќе следиме дуел на титаните, дуел на милионите. Во Мадрид ќе играат Реал Мадрид – ПСЖ во еден од најпривлечните натпревари од 1/8 финалето на Лигата на Шампиони. Тешко е да се предвиди кој е поблиску до победа, но јасно е дека можеме да очекуваме ефикасен, интересен и неизвесен меч.
Зидан целосно се насочува кон Лигата на Шампиони
Тешко е да се игра сезонава на натпреварите на Реал Мадрид. Овој тим е толку непредвидлив сезонава, што ги фрла во очај своите навивачи. Изгледа дека ниту Зинедин Зидан не знае каде тера неговиот тим, судејќи според неговите чести проблеми оваа сезона. Но барем сега кога Реал Мадрид нема никакви шанси за трофеј во Ла Лига, се чини дека е способен да ја насочи сета своја сила кон Лигата на Шампиони. Хет-трикот на Кристијано Роналдо против Сосиедад во саботата ја потврди неговата одлична форма. Сега тој на предходните 4 меча има постигнати 7 гола. Сепак Карим Бензема се уште се бори самиот со себе и ја бара својата препознатлива форма.
Бејл и Иско беа оставени надвор од почетните 11 изминатиот викенд и иако вообичаено би очекувале еден од нив да го замени Лукас Васкез на овој меч, крилото одигра неверојатен меч. Затоа може да се очекува Васкез да стартува и во Лигата на Шампиони. Марко Асенсио најверојатно ќе биде на клупата, па ако Бајл стартува формацијата ќе биде 4-4-2 на Зидан.
ПСЖ изгледа подготвен за титула
Секој кој верува дека Лига 1 претставува предизвик за Париз Сен Жермен оваа сезона, е во заблуда. И без тоа ПСЖ речиси сигурно ќе ја освои домашната лига и сега целосно е посветен на освојување на трофеј во Европа.
Нивната група во Лигата на Шампионите исто така беше помината со леснотија. Андерлехт и Селтик беа лесно совладани, а во двомечот со Баерн Минхен, ПСЖ забележа победа и пораз и беше прв во групата. Кога ќе потрошите толку многу пари за Нејмар и Мбапе, тогаш јасно е дека очекувате во најмала рака финале во Лигата на Шампиони.
Емери има три дилеми за мечот со Реал, од кои две се прилично обични. Кој да стартува како лев бек (Курзава или Берчиче) и кој да стартува во средниот ред ако Тиаго Мота не е подготвен да игра (Ласана Диара или Џовани Ло Целсо). Најголемата дилема е дали да стартува Ди Марија?
Тешко е да се напише кој е поблиску до победа
ПСЖ има лоши сеќавања од нивното последно патување во Шпанија (пораз од 6:1 во Барселона). Лоши сеќавања има и од нивните последни средби со Реал Мадрид (во 2013 и во 2015 играа меѓусебе во ЛШ и ПСЖ не успеа да постигне гол на тие четири средби). Сепак, нивниот тим од тогаш направи огромен скок, но вистината е дека ПСЖ игра тешко надвор од Париз во Лигата на Шампиони. Затоа коефициентот за победа на Реал Мадрид од 2.45 во Unibet е доста солиден и веројатно исплатлив за ризикување.
Тоа ќе биде тешко ако се разгледа формата на Реал низ целата сезона, но Реал си е Реал и се може да се очекува од нив. Проблем за тимот на Зидан сезонава е одбраната која игра особено слабо во последно време. Реал прими 7 гола на последните 5 средби против многу послаби екипи од ПСЖ. Сега прашањето е како тие ќе ги сопрат Кавани, Нејмар, Мбапе …
ПСЖ од друга страна постигна 28 гола на последните 8 средби или во просек по 3.5 гола по натпревар. Па кога ќе се земе во предвид овој податок, тогаш не изгледа лош ниту коефициентот за нивна победа кој е 2.85 во Unibet.
kladenje.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“