| четврток, 6 декември 2018 |

Патиштата во Македонија завеани, сообраќајот отежнат на повеќе патни правци (видео)

Денешните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на повеќе патни правци во државата. Како што може да се види од фотографиите објавени на социјалните мрежи, но и од извештаите на АМСМ, голем дел од патиштата не се исчистени и поради тоа има воведено забрана за движење на камиони, автобуси и автомобили.

Забраната за патнички возила на планинскиот премин Ѓавато сè уште е на сила. Исто така, на сила се и забраната за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.


Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња.

Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top