| четврток, 6 декември 2018 |

Сепак ќе се игра Вардар-Стеауа

По шпекулациите што во текот на вчерашниот ден се појавија во европските медиуми дека романскиот фудбалски клуб Стеауа ќе биде суспендиран на две години од европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска излезе официјално соопштение на член од управата на клубот за спортскиот портал Дигиспорт дека клубот е казнет со условна казна од една година за лажирање натпревари.

Со ова решение Стеауа останува противник на македонскиот шампион Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Романскиот шампион е освојувач на ова натпреварување во далечната 1986 година.

За разлика од Стеауа, турските фудбалски гиганти Бешикташ и Фенербахче се суспендирани на една, односно две години.

Првиот натпревар треба да се одигра во Букурешт на теренот на противникот на 16 или 17 јули. Реваншот е во Скопје на арената „Филип Втори“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top