На 08.02.2018 во 12:30 часот СВР Тетово е пријавен пожар во куќа на ул “29 Ноември“ во Тетово.
Имено, во поткровниот дел од куќата во која што живеела А.И. (79), во обид да користи грејно тело на плин, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. се здобила со повреди и изгореници.
Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело.
Од страна на Територијалната противпожарна единица огинот е изгаснат, а повредената А.И. со возило на итна медицинска помош е пренесена во Клиничката болница Тетово каде што и е укажана лекарска помош.
Увидот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Чудо од баба: Крева тегови подобро од внуците!