40-годишниот Б.Б. од селото Шемшово, тетовско, пријавил дека околу 13 часот неговиот татко, 71-годишниот Б.Б. физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва.
Татко му, најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Синот го турнал татка си, но тој веднаш станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што синот се здобил со расекотина на десната дланка.
Таткото бил повикан во Полициското одделение Јегуновце.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.