Театарот за деца и младинци синоќа со ретроспективна изложба за претставата и за 20-те години од вселувањето во сегашниот простор и концерт одбележа 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“ – рекордно најиграна претстава во Македонија.
– Од премиерата на 6 февруари 1998 година, „Убавицата и ѕверот“ цели 20 години е на тековниот репертоар на театарот. Наскоро ќе ја доживее својата 350 изведба, а со тоа ќе го постави рекородот на најиграна претстава во Македонија, велат од Теaтарот за деца и младинци.
На прославата присуствуваше целиот ансамбл на Театарот, соработници, претставици од Министерството за култура, љубители и почитувачи на театарската уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.