| четврток, 6 декември 2018 |

„Вибер“ го призна Косово

Повикувачкиот број за Косово +383 кој би требало да стапи на сила во јуни годинава како резултат на Бриселкиот договор е достапен на Вибер.

Телефонскиот код Косова (+383) почна да функионира во апликациите за мобилни телефони, пренесува „Телеграфи.ком“ и додава дека на тој начин е направено признавање на националниот повикувачки број за Косово.

Порталот наведува дека од сега сите граѓани на Косово кои ги користат повикувачките броеви на другите земји како на пример Србија, Словенија може да го користат (+383).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top