Каква музика сакате да слушате за своја душа?
-Па не знам искрено. Сакам да ги слушам и нашите „народњаци“, некои стари добри песни. Сакам да одам во ресторани, иако тоа се поретко го правам тоа. Имам свој список на песни што сакам да ги слушам, но откако сум со Стефан и животот ми е поврзан со него слушам многу, многу странска музика. Тој едноставно само тоа слуша, така што од сабајле кога ќе станеме, па се до вечер во куќата ни ечи ар-ен-би музика, нип-хоп, црнечка музика итн. А кога сум сама во автомобил слушам „народњаци“.
Која ви е омилена песна?
-Имам многу омилени песни. Ги сакам песните на Џеј, на Саша Матиќ, Цеца…Имам мои песни кои секогаш сакам да ги слушнам. До некаде и растев со таа музика и веројатно затоа ја сакам. Но, доста ја следам и странската музика благодарение на Стефан, така што слушаме секаков вид музика.
Целото интервју ќе го објавиме пред концертот на Ана и Раста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.