Реал Мадрид ремизираше 2-2 против Леванте, па сега имаат 18 бодови помалку од лидерот Барселона, која има и натпревар помалку.
Најдобриот фудбалер на „кралевите“, Роналдо имаше уште една ноќ за заборав. Најдобриот фудбалер на светот за 2017 година, откако беше сменет влезе во вербален дуел со камерманот кој го снимаше на клупата за резервни играчи.
Португалецот му порача на камерманот дека треба да снима што се случува на теренот, а не него.
Роналдо не беше задоволен што Зидан реши да го извади од игра и да го пресели на клупата за резреви.
Зидан ја направи промената при резултат 2:1 за Реал кога во игра го внесе Марко Асенсио.
Статистиката открива дека Португалецот вчера не постигна ниту гол, ниту асистенција. Имаше седум удари, од кои само два во рамки на голот, а направи и еден дриблинг.
Всушност, Роналдо беше толку невидлив што имаше само 47 допири со топката за 82 минути на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


