| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

Во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 40 минути по полноќ во Струмица се повредени три лица.
На крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ директно се судриле два автомобили марка „Пежо“. Автомобилот „Пежо 308“ го управувала Л.К. (50), а второто „Пежо 407“ со швајцарски ознаки го управувал малолетник роден 2001 година без возачка дозвола. Со него била и седумнаесетгодишна сопатничка.

Од ударот на двете возила „Пежо 308“ удрило во паркиран автомобил „опел астра“.

Од последиците од сударот двајцата возачи и сопатничката биле повредени и се пренесени на лекување во болницата во Струмица.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top